Кривични за тројца скопјани кои извршиле 16 тешки кражби

Полицијата поднесе кривични пријави против тројца скопјани кои обивале автомобили во Аеродром.

Како што информираат од МВР, кривични пријави заработиле Г.М. (31), К.П. (25) и уште едно 16 годишно лице сите од Скопје поради сомнение за сторени 16 кривични дела „тешка кражба“.

Според податоците, пријавените од 02 септември до 30 октомври годинава, во ноќните часови, на подрачјето на општина Аеродром извршиле 16 кривични дела во возила, на начин што, додека третопријавениот внимавал на присуство на други лица, прво и второпријавениот, со употреба наалат ги обивале автомобилите, по што ги демонтирале и одземале делови од истите.