Кривично ќе се гонат таткото и синот кои беа фатени со автомобил полн оружје.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Н.(55) и еден малолетник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“ во кое се превезувале пријавените, при што биле пронајдени и одземени пет пиштоли и повеќе куршуми со различен калибар, информираа од полицијата.