Кривични за 17-годишник и 20-годишник за криумчарење мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.И.(20) од село Огњанци, скопско и против 17-годишник од село Палатица, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

- На 05.01.2025 на автопатот Табановце – Куманово, пријавените во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија, соопштија од МВР.