Кривични пријави за раководители на кумановското Водостопанство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(62) и С.Л.(36), двајцата од Куманово, кои се сомничат за продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. 

Во текот на 2016 и 2017 година второпријавената, како раководител во АД „Водостопанство“ – подружница Куманово, по претходно распишан тендер за набавка на ХТЗ опрема, во пет наврати изготвила лажни приемници за набавена ХТЗ опрема од фирма од Куманово, по што првопријавениот, како директор на наведената подружница, ги одобрил фактурите за набавената опрема доставени од наведеното правно лице. По ова, второпријавената и третопријавениот, како раководител во наведеното акционерско друштво, по укажување од првопријавениот, изготвиле лажни списоци и испратници за задолжување на набавената ХТЗ опрема на вработени во наведеното акционерско друштво. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 732.799 денари на штета на АД „Водостопанство“ Скопје.