Кривични пријави за неколку лица кои организирале корона - прослави

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четири лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во првиот случај, Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.О.(71) од Скопје и Н.Б.(51) од Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 08.08.2020 пријавените организирале семејна прослава во угостителски објект, во сопственост на првопријавениот, кој подолго време не работел.

И во вториот случај, Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(34) и Б.Б.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 01.08.2020 во дворот на куќата на првопријавениот во с.Идризово, пријавените организирале прослава по повод верски празник.