Кривични пријави против две лица, извршиле тешки кражби на дрзок начин

Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци.

Тие се сомничат дека извршиле три кражби од кои две се на подрачјето на Центар додека третото е на подрачјето на Аеродром. Двете дела во Центар се извршени во еден исто ден на 03.09.2024 година каде со физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години им го одзеле личниот накит. Третото дело датира неколку дена порано каде на 31.08.2024 година во Аеродром со употреба на сила од 61-годишна жена и го одзеле накитот.

Пријавените биле препознаени во полициска станица. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените. Се очекува во текот на денов истите да бидат изведени пред судија на претходна постапка.