Кривична за вработен во „Национални шуми“, барал пари од лице од Струмичко шест години, и тоа секој месец, за дозвола за сеча на дрва

Поднесена е кривична пријава против 39-годишниот Б.К од Струмица поради злоупотреба на службената положба и примање поткуп.

Имено пријавеното лице кое е вработено како референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица - Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

„На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата“, велат од МВР

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.