
Велешката полиција поднесе кривична пријава против 47-годишниот З.Ш. од Велес кај кого на 17.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле помошни простории, при што пронашле и одзеле марихуана.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Ш.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 17.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, се наведува во полицискиот билтен.