Кривична за велешанец, ја ограбил сопствената баба

Кривично ќе се гони 29-годишен велешанец кој ја ограбил сосптвената баба. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Б. (29) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. 

- На 15.07.2024, пријавениот во куќата на неговата 74-годишна баба од Велес, со употреба на сила и одзел предмет и истиот го продал, известија од полицијата.