Кривична за тинејџер од Кратово, при тепачка тешко повредил сограѓанин

Кривично ќе се гони 19-годишниот кратовец кој претепал повозрасен сограѓанин. Жртвата завршила со тешки повреди. 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Н.Т.(19) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда’’.

- На 09.01.2026 на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.Л.(36) од Кратово и му нанел тешки телесни повреди, информираа од полицијата.