Кривична за тетовец поради изнуда, му барал 1.000 евра за да не биде убиен синот во затворот

Поднесена е кривична пријава против 35-годишниот Р.К. од село Челопек, тетовско. Тој се сомничи за кривичното дело „изнуда“.

Пријавеното лице на 20.04.2024 телефонски го контактирал 72-годишниот К.С. и му побарал да му даде 1000 евра за да не биде убиен неговиот син кој издржувал затворска казна.