Кривична за старец од Кратово чие куче нападнало маж

Кривично ќе се гони старец од Кратово чие куче нападнало маж во кратовско село. 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.И. (70) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност”. Пријавениот на 30.09.2025 во село Приковци, кратовско, го пуштил своето куче без надзор и тоа го нападнало П.С. (51) од Кратово, информираа од полицијата.