Кривична за скопјанецот кој уби куче со секира

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.Х. од Скопје осомничен за мачење животни. Тој на 29. минатиот месец во 18 часот и 30 минути на улицата „Пиринска“ во близина на угостителски објект, убил куче.

Скопјанецот откако претходно таткото му се пожалил дека е каснат од куче, истиот од неговиот двор земал мала секира и метална шипка излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите кучето починало.