Кривична за скопјанецот кој силуваше 6 годишно девојче

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.М. (25) од с.Трубарево-скопско, за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

-На 27.07.2017 година, во с.Скопско Поле, на место викано Кучманово, пријавениот кој живее во ист двор со семејството на оштетената  и се роднини,  забележал деца како играат меѓу кои била и оштетената, и ја замолил да му наполни вода, а по кратко време откако малолетното девојче влегло во куќата на пријавениот, истиот извршил полови дејствија над девојчето, информираат од полицијата.