Кривична за скопјанец, противправно плаќал со каричката на мајка си

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’.

- На 25.01.2025, пријавениот противправно ја присвоил платежната картичка на неговата мајка и во два наврати извршил плаќање во Република Хрватска во вкупен износ од 41.962 денари, соопштија од полицијата.