СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
- На 07.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Радуша, скопско, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9мм како и дозвола за поседување на оружје на туѓо име, соопштија од полицијата.