Кривична за скопјанец кој прегази полицаец на должност

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.И.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

- На 02.02.2024, пријавениот со патничко возило удрил полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата.