Кривична за скопјанец кој правел бизниси во име на непостоечка фирма

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривични дела „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“.

Пријавениот, во текот на декември минатата година ги довел во заблуда одговорните на три правни лица од Штип.

Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема скопска фирма (која не постои и никогаш не постоела), при што ги оштетил штипските фирми.

Исто така, во текот на октомври минатата година, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27 јануари 2017 од управителот, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ.