Кривична за скопјанец кој ограбил сендвичара

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 30.05.2024 во сендвичара во Скопје, пријавениот со закана со остар предмет кон вработените одзел пари од дневниот промет, соопштија од полицијата.