Битолската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот Е.Џ.од Прилеп поради бесправно користење на туѓа платежна картичка.
„Во периодот од 22.10.2024 до 30.10.2024 во Прилеп, пријавениот со туѓа платежна картичка направил повеќе трансакции на различни продажни места и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 25.972 денари“, информираат од МВР.