Кривична за маж од Виница, со трактор удрил во возило, па се заканувал со нож

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(61) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 20.02.2025 во село Липец, пријавениот управувајќи трактор удрил во паркирано возило сопственост на С.С., на кој подоцна со остар предмет му упатувал закани, информираа од МВР.