Кривична за маж од струшко кој предизвикал пожар на отворено

Кривична против маж од струшко. Во август предизвикал пожар на отворено. 

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.Ц. од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“. Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани, соопштија од полицијата. 

По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.