Тетовската полиција поднесе кривична пријава против правно лице од с.Сушица, гостиварско и Д.П. од Гостивар, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’.
„Од 10.02.2025 до 20.02.2025, пријавениот Д.П. заземал туѓа недвижност, бесправно поставил и паркирал пет тешки товарни возила и четири патнички возила, со што го попречувал изведувањето на нормалните градежни работи. Со ваквите дејствија пријавениот му нанел материјална штета на Јавното претпријатие Државни патишта на РСМ во износ од 18.634.559 денари“, велат од МВР.