Кривична за кумановец, пијан возел трактор и го ризикувал здравјето на сопственото дете

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од село Градиште, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

- На 08.02.2025 во атар на с.Кучкарево, кумановско, пријавениот под дејство на алкохол управувал трактор, на кој го превезувал неговото 12-годишно дете, а кое останало подолг период на ниски температури и на тој начин го ризикувал неговото здравје, соопштија од полицијата.