Поднесена е кривична пријава против 32-годишниот А.Ш. од Студеничани од страна на Регионалниот центар за гранични работи Југ порани сомнение за сторено кривично дело криумчарење на мигранти
„На 27.09.2024 на влез во с.Богородица, гевгелиско, пријавениот бил забележан од полициски службеници дека превезува мигранти, по што побегнал. На 24.12.2024 тој бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во билтенот на МВР.