Поднесена е кривична пријава против 25-годишниот Д.П од с.Вранештица, кичевско од страна на Регионалниот центар за гранични работи Југ поради сомнеж за сторено дело „криумчарење мигранти“.
„На 01.01.2025 околу 14 часот во близина на границата со Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го затекнале пријавениот како пеш спроведува пет лица од Народна Република Кина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор“, се вели во билтенот на МВР.