Кривична за кичевец, со стаклен предмет тешко повредил сограѓанин

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

- На 29.12.2024 околу 21.00 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, соопштија од полицијата.