Полицијата поднесе кривична пријава против градежен инспектор во општина Куманово поради злоупотреба на својата положба каде го оштетила буџетот на општината за близу 500 илјади денари.
„Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари“, велат од МВР.