СВР Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ф.А. од Гостивар за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
„На 20.11.2024 во Гостивар, пријавениот не застанал на знак за запирање и со возило се обидел да удри полициски службеник, а откако бил запрен продолжил да се заканува на полицискиот службеник“, велат од МВР.