Кривична за гостиварец кој ја демнел поранешната партнерка

Кривично ќе се гони 52-годишен гостиварец за „демнење“ на поранешната партнерка. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја вознемирувал и следел неговата 37-годишна поранешна партнерка, соопштија од полицијата.