Кривична пријава е поднесена против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради сомение дека сториле убиство.
Имено на 06.09.2024 година во 7:43 часот токму обвинетиот Ѓ.Б пријавил дека го пронашол мртов својот сосед Д.А. (54) од Кочани. Итната помош уште тогаш констатирала дека смртта настанала како последица на повреди при што полицијата од Кочани презела мерки за расчистување на случајот
Од МВР велат дека направиле разговори со повеќе лица во врска со настанот при што едниот од убијците на соседот Љ.С. признал дека биле во домот на нивниот сосед при што конзумирале алкохол. Настанала расправија меѓу нив при што почнале да го удираат Д.А. со тврди предмети.
Обвинетите лица се уапсени, против нив е поднесена кривична пријава при што се предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.