
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против две лица, 32-годишниот М.Н и 38-годишниот Е.Н и двајцата од с.Горјане, општина Врапчиште. Тие се сомничат дека извршиле насилство врз дете.
„На 18.11.2024 на место викано „Поточан“, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 17-годишник, при што употребиле и тврди предмети“, стои во билтенот на МВР.