Кривична за Британец кој преку меил измамил штипјанец за 11 илјади евра

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против K.K.K. од Обединетото Кралство Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Пријавениот, на 22.02.2022 преку е-маил порака до правно лице од Штип, испратил лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои правното лице на 24.02.2022 извршило плаќање во износ од 11.005 евра кон банкарска сметка на пријавениот, наместо на вистинскиот добавувач, информираа од полицијата.