Кривична за битолчанецот кој во ноќен клуб излегувал со пиштол

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.

- На 08.12.2024 во ноќен клуб во Старата чаршија во Битола, пријавениот неовластено и без дозвола држел во себе пиштол калибар 22 LR, кое претставува полуавтоматско огнено оружје, соопштија од МВР. 

При извршени проверки констатирано е дека пиштолот има два фабрички броја.