Кривична за 31-годишник: Креирал профил на Фејсбук и објавувал експлицитни фотографии од девојката

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.К.(31) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопшти МВР, пријавениот без согласност на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа.

Исто така, 31-годишникот дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица.