Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 28-годишниот С.А. од Кичево поради крумчарење на мигранти.
„Имено на 01.12.2024 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „волво“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека користело регистарски таблички од друго возило, а биле пронајдени тројца мигранти“, се вели во билтенот на МВР.