Полицијата во Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.Д. од Велес поради палење на автомобил.
„Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка“, информираат од СВР Велес.
По преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој го признал делото.