ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Република Албанија, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом во Струга, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка, соопштија од МВР.