Кривична против три лица од Гостивар, по претходна расправија истепале тројца малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Д., 19-годишниот А.Д. и малолетник, сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР.

На 15.08.2024 во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници, додаваат од МВР.