Кривична против тетовец за демнење малолетничка

 

Кривично ќе се гони тетовец кој демнел малолетничка. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 02.02.2024 во Тетово, пријавениот следел малолетничка од Тетово и откако ѝ го одзел мобилниот телефон барал од неа да влезе во неговото возило, но таа одбила, соопштија од полицијата.