Кривична против штипјанец за објава на социјалните мрежи

Кривично ќе одговара штипјанец за објава на Фејсбук. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

- На 14.09.2025, пријавениот преку пишан материјал на негов профил на социјална мрежа промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираа од МВР.