Кривична против раководителот на одделението за урбанизам во Маврово поради поткуп од 13 илјади евра

Полицијата поднесе кривична проијава против 63-годишниот С.Е. од Дебар, раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, поради поткуп.

„Имено обвинетото лице побарало поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко - технички обработени. Истот ака, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, информираат од МВР.