МВР поднесе кривична пријава против С.Б. - началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“.
„На 12.01.2025 во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13.01.2025, С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, велат од МВР.