Кривична против лицето кое постави рампа позади Поликниката Битпазар и наплаќал

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради узурпација на земјиште. Имено обвинетото лице поставил рампа на земјиште во државна сопственост позади поликниката Битпазар каде наплаќал за истото.

„Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје - Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето“, се вели во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до судот поднел и мерки за претпазливост, односно забрана за преземање на определени работни активности и забрана да го користи предметното земјиште.