Кривична против криумчар на мигранти, превезувал лица од Непал и Индија

Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишниот З.Д од Велес поради сомнеж дека сторил кривично дело криумчарел мигранти.

„На 22.01.2025 на автопатот Граничен премин Табановце - Куманово, пријавениот во патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, превезувал три лица мигранти, од кои две лица од Непал и едно од Индија“, велат од МВР.