Кривична против две лица, земале брз кредит во туѓо име

Поднесена е кривична пријава против две лица поради сомение дека земале брз кредит во име на друго лице. Едната кривична пријава е поднесена против 60-годишниот Ѓ.А. од Делчево, додека другата кривична пријава е поднесена против 57-годишниот Ц.С. од Битола поради помагање.

Двајцата пријавени најпрво го довеле во заблуда оштетеното лице, ги искористиле податоците од неговата лична карта при што земале кредит од финансиско друштво.