Кривична против две лица, во викенд куќа запалиле шпорет со дрвја при што од жарот предизвикале пожар

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица А.Б.(51) и Н.Н.(50), двајцата од Скопје поради сомнеж дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“.

„На 17.08.2024, првопријавениот, по насоки на второпријавениот, во дворот на викенд куќа запалил шпорет со дрвја и отпадни гранки, при што неколку жарчиња излегле и предизвикале пожар на дрвја и трева“, соопштуваат од МВР.