Кривична пријава е поднесена од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар против 2 лица, 51-годишниот З.М од гостивар како првопријавено лице и 76-годишниот С.К како второпријавнено лице. Овие две лица се сомничат за измама, соизвршителство и помагање.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, се вели во билтенот на МВР.