Кривична против двајца Турци, со фалсификувани пасоши сакале да летаат од меѓународниот аеродром во Скопје

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица, 26-годишниот И.К и 26-годишниот С.К од Турција поради сомнение дека сакале да излезат од државата со фалсификувани пасоши.

„Нa 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи. Од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Р.С. Македонија од три, односно пет години“, велат од МВР.