Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против четири лица А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лихварство.
„Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари. Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица“, информираат од полицијата.